Фотографија на денот: Последици од бурата во Германија | Панорама | DW | 04.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Последици од бурата во Германија

Блокирани патишта, прекини на железничкиот сообраќај - бурата „Бурглинд“ во Германија предизвика големи штети. Поради зголемениот водостој на повеќе реки се стравува и од поплави.

Бурата „Бурглинд“ во многу делови на Германија ги стави вчера пожарникарските служби во непрекината акција. Беа блокирани бројни сообраќајници, а со пречки се одвиваше и железничкиот сообраќај. На #ФотографијаНаДенот: огромно дрво, откорнато од силниот ветар, кој на места достигнуваше до 120 километри на час, паднато врз куќа во Ратинген, покраината Северна Рајна Вестфалија. Во повеќе региони и денеска продолжуваат силните врнежи од дожд, па постои страв од поплави.

„Бурглинд“ предизвика штети и во Белгија, Швајцарија и Холандија, како и во Англија, Ирска и Франција, каде бурата беше наречена „Елинор“. Без струја останаа 35.000 домаќинства во северниот дел од Франција, а еден турист загина од пад на откорнато дрво во француските Алпи. Во Шпанија пак невремето однесе три жртви.  

 

 

Реклама