Фотографија на денот: Полуголи еко-активисти во британскиот парламент | Свет | DW | 02.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Полуголи еко-активисти во британскиот парламент

Соблекување за заштита на климата: во британскиот парламент вчеравечер единаесет еко-активисти се соблекоа среде дебатата за Брегзит!

Нивна цел - да се забрза борбата против загревањето на климата. Во долна облека и со слогани на своите тела тие од трибината за посетители на пратениците им префрлија дека поради дебатите за Брегзит го запоставуваат проблемот со промената на климата.

Дел од активистите од организацијата „Extinction Rebellion“ на својата кожа имаа пораки како „СОС“ и „Запрете со попусто трошење на времето“. Претседателот на парламентот Џон Беркоу не ја прекина седницата, а безбедносните сили го прекинаа протестот на екологистите.

Реклама