Фотографија на денот: Половина милион починати од Ковид-19 | Свет | DW | 29.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Половина милион починати од Ковид-19

Забранета зона „Човек“? Пред Европската централна банка се поставени кукли од излог излепени со селотејп-лента. Инсталацијата се вика „Така е како што е“, а дело е на германскиот студент по уметност Јозеф Мезег.

Ваквите ленти  вообичаено се ставаат на површини кои се забранети за пристап. Тоа сега важи и за човекот. Во време на корона важи правилото „Држи дистанца!“ Според последните информации, во светот од Ковид-19 досега починаа над половина милион луѓе, а бројот на инфицирани се искачи на над 10 милиони. Најголем број смртни случаи има во САД - повеќе од 125.000. Потоа следува Бразил со над 57.000 починати, а на трето место е Велика Британија со 44.000 починати.

Реклама