Фотографија на денот: Пожарите во Грција – најдобра европска новинарска фотографија | Панорама | DW | 25.03.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Пожарите во Грција – најдобра европска новинарска фотографија

Фотографијата на очајна жена, на која шумскиот пожар на грчкиот остров Евија се заканува да ѝ го „голтне“ домот, е избрана за најдобра европска новинарска фотографија за 2021 година.

Секоја година фондацијата Ворлд Прес Фото (World Press Photo Foundation) избира најдобра фотографија на годината. Годинава изборот падна врз фотографиите од катастрофалните пожари во Грција и од кризата во Украина.

За најдобра поединечна фотографија од Европа е прогласена онаа на Константинос Цакалидис за Блумберг њуз. На неа е 81-годишната Крициопи Панајота, која на 8. август 2021 година беспомошно и шокирано стои пред својата куќа во селото Гувес на островот Евија, која очигледно не може веќе да се спаси и ќе ја голтнат пламените јазици.

Изборот на најдобра новинарска фотографија овојпат се одржа првпат според нови правила. Вчера жири во Амстердам додели признанија за фотографии од шест региони од светот. Од нив потоа на 7 април ќе биде избрана најдобрата во светот. На натпреварот учествуваа преку 4.000 фотографи од 130 земји со вкупно 65.000 фотографии.