Фотографија на денот: Подготвено за навала- со дистанца | Панорама | DW | 23.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Подготвено за навала- со дистанца

Како и тука на главната плажа во Травеминде, така и на многу други места долж германското морско крајбрежје се е повторно подготвено за изнајмување на типичните сончеви корпи. И тоа токму навреме.

Имено за викендот се очекува голем наплив на Германци во одморалиштата долж  Балтичкото и Северното море по долгата забрана поради пандемијата. Согласно тоа корпите сега мора да бидат оддалечени 3,5 метри една од друга  и да се дезинфицираат пред секое ново изнајмување. Останува надежта дека свежото морско ветре брзо ќе го разнесе непријатниот мирис на средствата за дезинфекција.

Реклама