Фотографија на денот: Пијано концерт за слонови | Панорама | DW | 10.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Пијано концерт за слонови

Се вели дека слоновите никогаш не забораваат, а оние во прифатилиштето Свет на слоновите во Тајланд со сигурност нема да го заборават Пол Бартон. Тој овие слонови ги запозна со класичната музика.

Британскиот музичар Пол Бартон свири пијано за слоновите како волонтер речиси десет години. Во прашање се болни, измачувани, и спасени слонови, на кои според искуството на Бартон класичната музика им го олеснува и разубавува секојдневието. Тој на оваа #ФотографијаНаДенот одвржува своевиден пијано-концерт за загрозените слонови во прифатлиштето „Свет на слоновите“ во местото Канчанабури на границата меѓу Тајланд и Мјанмар.

 

Реклама