Фотографија на денот: Пица од автомат | Панорама | DW | 04.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Пица од автомат

Буон апетито – добар апетит! Пресно печена пица од автомат, нон стоп 24 часа – со оваа идеја пекар од Аугсбург го погодил „нервот“ и вкусот на муштериите. Бесконтактна продажба - вистински концепт во време на корона.

Пица Маргарита или со салама, пресно печена за три минути директно од автомат – идејата на гастрономот Марко Пелицари е толку успешна, што тој размислува веќе за поставување дополнителен број автомати. Машините инаку потекнуваат од Италија и во меѓувреме ги има во неколку германски градови. Во апаратот со големина на шкаф на лагер се ставаат околу 80 замрзнати пици. Со притискање на копче, без никаков контакт, купувачот го добива насекаде омилениот италијански специјалитет.