Фотографија на денот: Пицата стана уметност | Панорама | DW | 08.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Пицата стана уметност

Тестото е дебело и сочно, врз него има вкусен сос од домати, кремаста моцарела и босилек. УНЕСКО дефинитивно има вкус.

Пицата од еден сосема конкретен град во Италија отсега се вбројува во светското културно наследство. Со право, редно беше-конечно, сметаат многумина кои имале можност да ја пробаат „единствената вистинска пица“. Онаа од Неапол. Меѓународната културна организација УНЕСКО вчера соопшти дека „Уметноста на наполитанските пица мајстори“ е ставена на листата на нематеријално светско културно наследство. Токму затоа и сосема заслужено пица наполитана е главниот мотив на нашата #ФотографијаНаДенот. Buon appetito :)

 

Реклама