Фотографија на денот: Пигкасо, свињата уметник | Панорама | DW | 23.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Пигкасо, свињата уметник

Звучи како Дизни-приказна: една свиња, која е спасена од кланица, ја открива својата уметничка „жица“ и стекнува светска популарност.

Токму ова се случи во Френшхук, на периферијата на Кејптаун во Јужноафриканската Република. Сликите од уметничката ѕвезда со име Пигкасо (комбинација од англискиот збор за свиња - пиг и Пикасо) се продаваат скапо - до 2500 швајцарски франци. Пигкасо има и своја Фејсбук-страница со над 15.000 фанови. Инаку, свињата уметник слика со неотровни бои, кои се соодветни и за деца. Во кинеската година на свињата, швајцарскиот производител на часовници Своч сега ѝ нарача на Пигкасо дизајн за својата „Уметничка колекција“.

 

Реклама