Фотографија на денот: Петелот Морис обвинет за прегласно кукуригање | Свет | DW | 09.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Петелот Морис обвинет за прегласно кукуригање

Петелот Морис не смее да кукурига - тоа го бара брачна двојка пензионери кои си купиле викендичка на францускиот остров Олерон и кои секое утро се будат рано поради кукуригањето на Морис

Сега случајот, кој предизвика жолчни расправи во Франција, затоа што го симболизира вечниот конфликт на мештаните и дојденците, е пред суд. На почетокот на процесот во знак на поддршка дојдоа многу фанови на Морис со кокошки и петли во рацете, кои гордо се шетаа пред судската зграда.

За многумина овој процес претставува борба за зачувување на животот во француските села. Сопственичката на Морис, Корин Фесо изјави: „Кога мојот петел би можел да зборува, би рекол: Оставете ме намира да си пеам!“

Морис, инаку, не се појави во судницата. Според неговата сопственичка, тој е под стрес и е засипнат.

Реклама