Фотографија на денот: Паричка за добро дело | Панорама | DW | 19.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Паричка за добро дело

На денешната #ФотографијаНаДенот ви ја претставуваме „Кицмарке“, или во слободен превод „паричка од соседот“.

Малата сребрена паричка треба да им помогне на сиромашните, бездомниците, сите кои се во нужда. Таа е изум на „Една топла зима“, берлинска иницијатива која се ангажира за помош на бездомниците. Ваква паричка може да купат сите кои сакаат да помогнат, донираат, направат добро дело. Паричката се купува во кафеаните, продавниците и работилниците на луѓето или претпријатијата кои се дел од акцијата. На пример, може да се купи „Кицмарке“ во фризерскиот салон на аголот, потоа паричката да му се дарува на некој бездомник, а тој потоа да отиде на потстрижување. Салонот наместо да му земе пари, му ја зема сребрената паричка, а парите се донираат за добротворни цели. Истото важи и за продавниците за храна, кафулињата, продавниците за облека...

Реклама