Фотографија на денот: Папата сам на молитва за пандемијата | Свет | DW | 28.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Папата сам на молитва за пандемијата

Историска молитва на папата Франциско во време на пандемија на коронавирусот. Папата сам пред базиликата Свети Петар во Ватикан даде вонреден благослов „Урби ет орби“ и ги повика луѓето на поголемо заедништво во кризата.

„Нашите плоштади, улици и градови се обвиени со голем мрак... Ни стана јасно дека сите сме во ист чамец, сите слаби и без ориентација, но сите еднакво важни и неопходни, зашто сите сме повикани да весламе заеднички“, рече папата Франциско, кој им оддаде чест на сите кои работат на надминување на кризата. Папата благословот го даде на најцрниот ден за Италија во корона-кризата, на кој починаа 969 луѓе.

 

Реклама