Фотографија на денот: Папата го слави Христовото раѓање | Панорама | DW | 25.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Папата го слави Христовото раѓање

Папата Франциско ги искористи божиќните свечености за да укаже на страдањата на бегалците и да упати апел да им се помага на луѓето.

На традиционалната полноќна миса на Бадник, со која почна прославата на Божик, раѓањето на Исус Христос, според Грегоријанскиот календар, синоќа папата Франциско упати апел да се сакаат ближните и да се негува гостопримството. Исто како некогаш Марија и Јосиф, денес милиони луѓе се принудени да ја напуштат својата татковина, „зашто се протерани од својата земја. Во многу случаи бегството е во надеж за подобар живот, но во многу случаи тоа има само едно име: преживување“, рече поглаварот на Римокатоличката црква. Никој на овој свет не треба да чувствува дека за него нема место во него, истакна 81-годишниот папа, роден во Аргентина како син на италијански доселеници. На #ФотографијаНаДенот: папата Франциско ја бакнува статуата на бебето Исус во базиликата Свети Петар во Рим.

 

Реклама