Фотографија на денот: Папата бара конкретни мерки против злоставувањата | Свет | DW | 22.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Папата бара конкретни мерки против злоставувањата

На #ФотографијаНаДенот папата Франциско се моли на почетокот на самитот, кој по многу нешта е единствен. Папата од присутните побара да бидат донесени конректни мерки за борба против сексуално злоставување.

Католичката црква мора да размисли за промена на вековните структури на моќ, бара ополномоштеникот на германската влада за прашања на злоставувањето Јоханес-Вилхелм Рериг. Со целибатот, „проблематичниот сексуален морал“, нагласената хиерархија, „моралната позиција на моќ“ на црквата и со тоа што жените речиси и немаат никаква улога во духовното опкружување, се создава поповолна клима за злоставување, оцени тој по повод почетокот на самитот на Римокатоличката црква во Ватикан по повод скандалите со злоставување. Според него, „не постои институција која застапува поконзервативен сексуален морал и истовремено толерира, прикрива и негира сексуално злоставување во своите редови со децении“.

190 претставници на Римокатоличката црква во Ватикан дебатираат за одговорност и транспарентност, како и за 21 предлог од папата Франциско, кои тој изненадувачки ги поднесе на првиот ден од самитот. 

DW.COM

Реклама