Фотографија на денот: Падот на Берлинскиот ѕид | Свет | DW | 09.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фотографија на денот: Падот на Берлинскиот ѕид

Двајца туристи се ракуваат низ дупка во остатоците од Берлинскиот ѕид на Бернауерштрасе во Берлин: на денешен ден пред 28 години падна Ѕидот, кој со децении ги делеше Берлин и Германија.

Радоста беше огромна, но набрзо на истокот на Германија почна да се шири страв од неизвесната иднина. Според актуелната анкета на Форса, само секој втор Германец денес верува дека луѓето од истокот и западот навистина повторно сраснаа во едно. Во тоа се најуверени младите, оние кои не биле родени во времето на падот на Ѕидот.

Реклама