Фотографија на денот: Очите на Захра | Свет | DW | 22.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фотографија на денот: Очите на Захра

#ФотографијаНаДенот денеска всушност е УНИЦЕФ-фотографијата на годината. На нејзе е прикажана петгодишната Захра, девојче од Сирија кое заедно со родителите избегало во камп во Јордан.

На лицето на девојчето може да се прочита тивкото страдање на милиони деца во кризните земји во светот. Нејзиниот лик е олицетворение на украденото детство на цела генерација сириски деца, беше речено на доделувањето на наградата за најдобра фотографија. Моментот со својот фотоапарат го има уловено двократниот добитник на Пулицеровата награда, Мухамед Мухеисен, кој известува од Блискиот Исток, Авганистан и Пакистан.

 

Реклама