Фотографија на денот: Очај во Авганистан | Свет | DW | 15.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Очај во Авганистан

Момче во Авганистан се обидува да продаде малку шеќерна волна на улиците на Кабул и да заработи за леб.

Оваа фотографија е направена на улиците на главниот град на Авганистан вчера, на денот кога генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, побара од САД и Светска банка да ги ослободат финансиските средства за државата кои беа замрзнати по доаѓањето на талибанците на власт.

Мора да се спречи „кошмарот кој е присутен во Авганистан“ уште повеќе да се влошува, изјави Гутереш во Њујорк. Според него, „треба да се спречи колапс кој ќе доведе до сиртомаштија, глад и мизерија на милиони луѓе“.

По доаѓањето на талибанците на власт, меѓународната заедница замрзна милијарди долари помош за Авганистан. Земјата сега е во една од најтешките економски кризи во својата историја. Состојбата уште повеќе се влошува поради острата зима.