Фотографија на денот: Остров на спасот среде црните реки од лава | Свет | DW | 22.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Остров на спасот среде црните реки од лава

Близу 190 објекти досега се уништени од незапирливите реки на жешка лава кои се слеваат од еруптираниот вулкан на канарскиот остров Ла Палма. Каква беше судбината на оваа куќа?

Куќата на оваа #ФотографијаНаДенот се наоѓа во местото Ла Манчас во Ла Палма, кое се најде на патот на незапирливите реки на вжештена лава по ерупцијата на вулканот Кумбре Вијеха.

Тие досега уништија бројни имоти на голема површина како и стотици објекти меѓу нив и околу 60 приватни домови, но за среќа, како што јавуваат светските новински агенции оваа куќа барем засега ја избегнала таа судбина  и останала недопрена од лавата со температура од околу 1000 Целзиусови степени. 

Инаку лавата се движи кон морето и предизвикува стравувања дека ќе генерира облаци од токсични гасови кога ќе стигне до водата.

Во меѓувреме продолжува евакуацијата на загрозените места на малиот шпански остров. Досега околу 6100 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, по ерупцијата на вулканот во неделата попладне.