Фотографија на денот: Ослободен бродот „Евер Гивен“ во Суецкиот канал | Економија | DW | 29.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Фотографија на денот: Ослободен бродот „Евер Гивен“ во Суецкиот канал

Заринканиот огромен брод со контејнери кој го блокираше Суецкиот канал е речиси ослободен, важната поморска сообраќајница се очекува наскоро да биде повторно пловна

„Евер Гивен“, заринканиот товарен брод е во состојба да се движи и моментно се врши негово обезбедување, соопшти  бродската компанија „Евергрин“ преку Твитер. Предниот дел на бродот се оддалечува од западниот дел на каналот, покажаа независно една од друга две веб страници.

Со денови траеја обидите да се ослободи бродот со помош на багери и шлепери, а ноќеска, плимата предизвикана од полната месечина им помогна во напорите. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси претходно наредил растоварување на дел од контејнерите на бродот доколку „Евер Гивен“ не може да се ослободи на поинако начин. Но, таков зафат, среде пустина, без неопходната логистика која ја пружа пристаниште, веројатно ќе траеше со денови или недели.

Притисокот врз надлежните растеше од час во час, заштозаглавениот брод предизвика застој – чекаат 370 брода, меѓу кои и 25 танкери со нафта. Економската штета веќе е огромна, според проценките на осигурителната компанија Алијанц, изнесува неколку милијарди долари дневно.

400 метри долгиот товарен брод на јапонско претпријатие беше на пат за Ротердам, кога во вторникот заринка при преминувањето низСуецкиот канал и целосно го блокираше. Не се знае кога точно повторно ќе почне пловидба низ каналот.

Суецкиот канал, долг 193 километри, го поврзува Средоземјето со Црвеното Море и го скратува патот меѓу Азија и Европа. Во 2020 година низ речната сообраќајница поминале речиси 19.000 бродови, таа е клучен коридор за сурова нафта и увоз на стоки во Европа.