Фотографија на денот: Опасностите од пиротехниката | Панорама | DW | 13.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Опасностите од пиротехниката

Секога година Германците за дочекот на Новата година во воздух испалуваат до 200 милиони евра.Огнометот е неизбежен и омилен дел на прославата, но пиротехничките средства, како легални така и нелегални носат и опасности.

Бројот на повредени, па дури и загинати поради новогодишната пиротехника секоја година се зголемува. Затоа спроти почетокот на сериозните подготовки за дочекот на 2019 година германските власти преземат превентивни активности.

Така деновиве на полигон во Франкфурт на Одра кутија полна со пиротехника од странство е разнесена во воздух со контролирана експлозија. На тој начин германската царинска управа се обиде да демонстрира колку е опасна конфискувана пиротехника која нелегално се внесува во земјата. Во последниве години, во пограничниот регион околу Франкфурт на Одра, зачестено биле приведувани лица кои пренеле пиротехнички средства од категоријата 3 и 4 во Германија, иако за тоа не ги поседувале потребните дозволи.

DW.COM

Реклама