Фотографија на денот: Олимписките прстени повторно во Токио | Панорама | DW | 02.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Олимписките прстени повторно во Токио

Свежо обоени: Олимписките прстени се вратија во заливот на Токио по речиси петмесечна работа на нивно одржување - а кај некои набљудувачи сигурно веќе предизвикуваат возбуда пред спортскиот мега-настан во 2021 година.

Олимписките прстени се вратија во заливот на Токио: конструкцијата висока 15 метри и тешка 69 тони мораше привремено да биде отстранета заради нејзино одржување. Прстените првично беа поставени на почетокот на  годинава, но беа отстранети во август, откако претходно поради пандемијата на коронавирусот беа откажани Летните Олимписки Игри во јапонската престолнина. Сега тие повторно сјаат - а некои гледачи сигурно ќе бидат возбудени од спортскиот мега-настан во Токио во 2021 година.