Фотографија на Денот: Олимпиецот за Гинис | Панорама | DW | 09.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на Денот: Олимпиецот за Гинис

Тој скока и скока и скока... Нориаки Касаи по осми последователен пат ќе се натпреварува на една Олимпијада. Тоа му обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди но и една посебна чест...

Ветеранот во скијачки скокови ќе го носи и знамето на Јапонија на денешното свечено отворање на 23. Зимските Олимписки Игри во јужнокорејскиот Пјонгчанг. Оваа #ФотографијаНаДенот е направена за време на вчерашниот квалификациски скок во Алпенсија центарот за скијачки скокови во Пјонгчанг со кој Касаи дефинитивно си обезбеди место во финалето а со тоа и вкупно осми настап на една зимска Олимпијада.

Реклама