Фотографија на денот: Октоберфест на свои плеќи | Панорама | DW | 22.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Октоберфест на свои плеќи

Денеска со отворањето на првото буренце со фестивалско пиво во Минхен ќе започне 185. Октоберфест. Зад големата забава меѓутоа стои и голем труд.

Додека милиони посетители кои сѐ до 7 октомври ќе се сјатат во Минхен во големите шатори на Терезината ливада ги очекува луда забава, стотици келнерки и келнери ги очекува повеќе од напорна работа. Впрочем најдобро тоа го покажува и оваа #ФотографијаНаДенот, на која се гледа всушност колку големи се таблетите натаварени со печени кокошки и салата од компир, со кои се послужуваат гостите на Октоберфест. Згора на тоа традиционалните кригли собираат еден литар пиво.  Веќе подолго време синдикатите бараат подобра заштита за вработените на Октоберфест, кои имаат и растегнати работни времиња.

DW.COM

Реклама