Фотографија на денот: Нуклеарен туризам | Панорама | DW | 01.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Нуклеарен туризам

До пред 10 години во нуклеарката Игналина се произведуваше електрична енергија. Сега оваа затворена атомска централа во Висагинас во источна Литванија е туристичка атракција.

Причината за тоа лежи во телевизиската серија на американскиот канал ХБО во која станува збор за катастрофата во нуклеарната централа во Чернобил пред 33 години. Серијата имено е снимана е токму во Игналина. Сега овие посетители во заштитна опрема „уживаат“ во морничавото чувство при посетата на литванскиот реактор, кој има идентична конструкција како и украинскиот Чернобил.