Фотографија на денот: Носталгично скијање | Панорама | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Носталгично скијање

За време на викендот во германското место Крин се одржа 12-тата носталгична трка во скијање. Околу 100 скијачи-авантуристи во се натпреваруваа во оригинална опрема од минатото.

На оваа #ФотографијаНаДенот може да се види еден од нив кој стрмната патека ја пројде со дрвени скии и стара скијачка опрема. Историската скијачка трка секоја година во местото кое се наоѓа во близина на прочуениот зимски центар Гармиш-Партенкирехен привлекува десетици илјади посетители. 

 

Реклама