Фотографија на денот: Никој не сака да биде Дедо Мраз | Панорама | DW | 17.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Никој не сака да биде Дедо Мраз

Германските студенти веќе не сакаат да работат како Дедомразовци.

Наместо на студен ветер да потскокнуваат на божиќните панаѓури, повеќе сакаат да се занимаваат со телефонска продажба. Наместо да ги изненадуваат децата со полни торби подароци, од домашните компјутери работат на маркетинг на социјалните мрежи. Германските студенти веќе не сакаат да работат како Дедомразовци. Притоа, како Дедо Мраз може да се заработи прилично добро - во просек во Берлин на Бадник може да се заработат 500 евра. Но, интерес веќе нема. По речиси 70 години и берлинското студентско здружение запира со посредување студенти кои би биле Дедомразовци. „Многу млади немаат желба да работат на викенди или на празници“, оценува Вили Дамен од Целе, во покраината Долна Саксонија. Пензионерот кој со своите 66 години уште налето почнува да снима реклами како Дедо Мраз, вели дека работа има и дека во секој момент би можел да најде ангажман за 30 до 40 Дедомразовци.

 

Реклама