Фотографија на денот: „Не“ за бурка во Швајцарија | Свет | DW | 08.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: „Не“ за бурка во Швајцарија

Со тесно мнозинство, во Швајцарија на референдум е изгласана забрана за носење шамија, никаб и бурка, на иницијатива на десно конзервативно здружение.

За иницијативата „Да за забрана за покривање“ се изјасниле 51,21 процент од гласачите, но во изјаснувањето (07.03) учествувале само околу половината од Швајцарците – излезноста е 51,4  проценти. Забраната за покривање на лицето сега треба да биде внесена во уставот на земјата. Со неа е опфатено религиозното покривање на жените како бурка и никаб, но и затскривањето на лицето, на пример на хулиганите на фудбалските натпревари и на демонстрантите. Политичките дебати кои претходеа на референдумот меѓутоа речиси исклучиво беа ориентирани кон муслиманската компонента. Здружението кое е иницијатор на референдумот и е блиско до Народната партија на Швајцарија, како аргументи за забраната наведе постоење чувство на „загрозеност од радикалниот ислам и доследно спроведување на правата на жените.“ Швајцарската влада, парламентот и сите поголеи партии во земјата, освен Швајцарската народна партија, се изјаснија против забраната, дотолку повеќе што само неколку десетици жени во Швајцарија носат бурка или никаб.

 

Реклама