Фотографија на денот: Нема водка за Ким Јонг Ун | Свет | DW | 27.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Нема водка за Ким Јонг Ун

Холандската царина заплени водка наменета за севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун и армиските раководители во Пјонгјанг.

90.000 шишиња со руска водка се наоѓале во контејнер скриен под труп на авион, натоварени на брод во сопственост на кинеското претпријатие Коско Шипинг. Бродот, според холандската царина, бил натоварен во Хамбург.

Водката е запленета по наредба на холандското Министерство за надворешна трговија и економска соработка. Портпаролката на министерството Зигрид Кааг нагласи: „Советот за безбедност на ОН воведе јасни санкции против Северна Кореја. Важно е тие да се спроведуваат.“

Санкциите опфаќаат и забрана за извоз на луксузна стока во комунистичката земја, во што се вбројува и водката. Што ќе се случува натаму со 90-те илјади шишиња водка сѐ уште не е одлучено. Тие може да бидат уништени или ставени на аукција, соопшти царината.

Реклама