Фотографија на денот: Незаборавна фешта за вицешампионите | Панорама | DW | 17.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Незаборавна фешта за вицешампионите

На воодушевувањето му немаше граници. Хрватските граѓани им приредија неверојатен дочек на сребрените „Ватрени“.

На оваа #ФотографијаНаДенот се гледа преполнетиот плоштад Бан Јелачиќ во Загреб на кој се одржа главната програма на дочекот на хрватската фудбалска репрезентација по историскиот успех на Мундијалот во Москва. Огромната еуфорија им помогна на десетиците илјади луѓе на плоштадот да истрајат во чекањето. Имено автобусот со светските вицепрваци цели шест часа се пробиваше низ улиците на Загреб на кои според хрватските медиуми имало половина милион луѓе.  

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама