Фотографија на денот: На студот во САД сѐ замрзнува за неколку минути | Свет | DW | 01.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: На студот во САД сѐ замрзнува за неколку минути

Овие замрзнати фармерки не се обесени, ниту пак потпрени со што било. Тие едноставно стојат сами на снегот во Сент Ентони Вилиџ, во американската сојузна држава Минесота.

Студот во САД е толку голем, што на отворено сѐ замрзнува за неколку минути. Метеоролозите предупредуваат дека условите се опасни по живот. Досега ширум земјата починаа над 20 лица. Студот предизвикува проблеми и на електричната мрежа. Во многу сојузни држави се затворени училиштата и некои универзитети. Аеродромите имаат проблем со одмрзнување на леталата и пистите. Американските медиуми јавија дека само вчера биле откажани речиси 5 илјади летови.

 

Реклама