Фотографија на денот: На летен одмор - дома | Свет | DW | 03.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: На летен одмор - дома

Германците се во врвот на листата на туристи кои најмногу патуваат по светот. Оваа година се’ е поинаку.

Речиси 60 проценти од Германците ова лето нема да заминат на летен одмор поради пандемијата на коронавирус. Процентот на оние, пак, кои планираат да ја напуштат Европа за време на одморот е минимален, покажуваат новите истражувања.

Летото најверојатно во многу германски домови ќе изгледа како на нашата #ФотографијаНаДенот - наместо сончање во Италија, забави на Ибица или шопинг во Њујорк, уживање во базените поставени во градините. Се разбира, само кај оние кои имаат градини... и базен... и соседи кои не се жалат на бука...

Реклама