Фотографија на денот: На границата помеѓу Полска и Белорусија е катастрофално | Европа | DW | 11.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Европа

Фотографија на денот: На границата помеѓу Полска и Белорусија е катастрофално

Очајот на илјадниците мигранти кои се наоѓаат на белоруско-полската граница се зголемува.

На температури околу нулата илјадници луѓе на границата помеѓу Белорусија и Полска чекаат и натаму помош. Државните белоруски медиуми, меѓу другото, објавија видеа на кои се гледаат деца како се туркаат околу камион со вода. На оваа фотографија е прикажано делењето на помош за мигрантите од страна на Црвениот крст во Белорусија во регионот на Гродно.

Во пограничниот регион не се пуштаат независни новинари. Според белоруски наводи, во провизорните кампови околу границата и натаму пристигнуваат луѓе од внатрешноста на земјата.

Денеска со ситуацијата на источната граница на ЕУ ќе се занимава Советот за безбедност на ОН. Ќе се заседава зад затворени врати.

Европските држави во меѓувреме подготвуваат натамошни санкции против авторитарниот режим во Белорусија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по разговорите со американскиот претседател Џо Бајден вчера рече дека станува збор за „хибриден напад на еден авторитарен режим'“.

Канцеларката Ангела Меркел бара хумано решение за проблемот со бегалците на границата помеѓу Полска, Литванија и Летонија. Проблемот мора да се реши така „да биде хумано“, рече таа, додавајќи дека е важно и „да може да се заштити надворешната граница на ЕУ“ . Таа телефонирала со рускиот претседател Владимир Путин и го замолила да влијае врз белорускиот властодржец Александер Лукашенко.