Фотографија на денот: На Божиќен панаѓур, но со корона-потврда | Панорама | DW | 17.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: На Божиќен панаѓур, но со корона-потврда

Во Германија, и покрај рекордниот број на новоинфицирани, оваа година повторно се отвораат Божиќните пазари.

По две години пауза поради пандемијата, во повеќе германски градови годинава повторно се подготвуваат Божиќните панаѓури. Некои веќе се отворени, како овој во Оберхаузен, но, пристап имаат само оние кои се вакцинирани, кои ја прележале болеста или имаат актуелен негативен тест на коронавирус. Локалните власти во некои градови применуваат и уште построги мерки: само оние кои се вакцинирани или се веќе излечени, можат да стигнат до тезгите на кои се продаваат колбаси, варено вино, пржени бадеми, рачно изработена облека или украси.