Фотографија на денот: Најтажниот роденден на кралицата Елизабета Втора | Панорама | DW | 21.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Најтажниот роденден на кралицата Елизабета Втора

Кралицата Елизабета Втора својот 95-ти роденден го слави во момент на огромна загуба – смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип

Прослава на роденденот, четири дена по погребот на принцот Филип, кој почина на 99 години, нема да има. Британската кралица е во длабока жалост, иако тоа не го манифестира јавно, поднесувајќи ги бремињата стоички, онака како што тоа се чини го прави веќе 70 години, барем однадвор гледано. 

Во 1952 година, со само 25 години, таа седна на престолот по чиста случајност. Ако нејзиниот чичко, кралот Едвард VIII не абдицирал поради љубов, нејзиниот татко немало да стане крал, ниту таа би ја добила големата одговорност, која ја извршува со најголема сериозност, патриотизам и истрајност.

За време на владеењето на Елизабета Втора, британското општество претрпе енормни промени. Монархијата во ерата на Елизабета преживеа добри и лоши времиња, венчавки од соништата и разводи, скандали, економски кризи и војни. Но, и покрај сите афери и дилеми околу смислата на постоењето на конституционалната монархија, најголем дел од Британците ја сакаат својата кралска фамилија и посебно кралицата.