Фотографија на денот: Најдобриот светски голгетер во 2017 | Панорама | DW | 28.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Најдобриот светски голгетер во 2017

Хери Кејн годинава го урна 22 години стариот рекорд за постигнати голови во Премиер лигата- а дури беше и подобар и од Меси, Роналдо, Левандовски...

Фудбалерот на Тотенхем е играч со најмногу постигнати голови во светот во 2017 година, откако во 52 официјални натпревари за клубот и за англиската репрезентација постигна вкупно 56 голови, два повеќе од суперѕвездата Лионел Меси. Покрај тоа тој стана и рекордер по бројот на постигнати голови во една календарска година во англиската Премиер лигата со вкупно 39 голови. На оваа #ФотографијаНаДенот Кејн го слави еден од головите од хет-трикот постигнат на неговиот последен натпревар во 2017, во кој неговиот Тотенхем славеше против Саутемптон со 5:2. Досегашниот рекорд го држеше Ален Ширер, кој играјќи за Блекбурн во 1995 година постигна 36 голови.

 

Реклама