Фотографија на денот: Најдобра УНИЦЕФ-фотографија за 2019 | Свет | DW | 20.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Најдобра УНИЦЕФ-фотографија за 2019

Наша #ФотографијаНаДенот денеска е победничката фотографија на УНИЦЕФ за 2019 година. Направена е во пристаништето во Манила, а носи наслов „Децата, отпадот и смртта“.

Германскиот фотограф Хартмут Шварцбах ја фотографира 13-годишната Вени и други деца кои во морето од отпад секојдневно се обидуваат да пронајдат предмети кои може да ги продадат и така да заработат малку пари. Фотографијата раскажува за борбата за преживување на децата и отсликува три трагедии на нашето време: сиромаштија, загадување на животната средина и детска работа, ја образложи УНИЦЕФ својата одлука.

Реклама