Фотографија на денот: Најголем паркинг за велосипеди во светот | Панорама | DW | 21.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Најголем паркинг за велосипеди во светот

Холандија сака да стане „рај за велосипедистите- и веќе има паркинг кој ја води чекор поблиску до целта.

Најголемиот паркинг во светот се наоѓа имено во холандскиот град Утрехт на главната железничка станица. Тој нуди 12.500 места за паркирање на три нивоа, има компјутерски наведуван систем за паркирање, работи нон-стоп и паркираните велосипеди се под постојан надзор. 24 часа паркирање во овој „рајски велосипедски паркинг“ е бесплатно, а потоа се плаќаат 1,25 евра на ден.

 

Реклама