Фотографија на денот: Направија бербат на Австралија Опен | Панорама | DW | 19.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Направија бербат на Австралија Опен

Фаворитите Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс штотуку се пласираа во осминафиналето на Австралија Опен. Нивните мечеви на првиот Гренд слем годинава, за среќа минаа без пречки од неканетите гости на терените во Мелбурн.

Тоа беше најдоцниот почеток на еден Гренд слем меч во тениската историја. Една од причините: бербатот кој го направија галебите. Дури во 00:30 Гарбиње Мугуруза и Јохана Конта можеа да го започнат својот дуел на Австралија Опен. Кога стана јасно дека двата претходни дуела ќе се одолговлечат, двете дами требаше да се преселат во друг терен . Но, со оглед дека чистењето на празниот терен од валканиците од љубобитните галеби ќе траеше предолго, тие мораа да го чекаат завршетокот на претходниот меч.

Реклама