Фотографија на денот: Муслиманите го слават Курбан Бајрам | Свет | DW | 20.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Муслиманите го слават Курбан Бајрам

Во Саудиска Арабија во тек е аџилакот на светите места на исламот. Во исто време, муслиманите ширум светот го слават Курбан Бајрам. Поради коронавирусот, и оваа година свеченостите се делумно поскромни од вообичаеното.

Муслиманските верници ширум светот го слават големиот празник Курбан Бајрам.  Тој се слави четири дена. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Со овој празник се крунисува и аџилакот- еден од петте темели на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Онаму каде што вообичаено небројани верници од целиот свет кружат едни до други околу Каба во Мека, централното светилиште на исламот, оваа година во дворот на Големата џамија има само релативно мал број аџии. Поради пандемијата, како и во минатата, саудиските власти го ограничија бројот на аџии на 60.000 со живеалиште во земјата, наспроти над два милиони од целиот свет, кои вообичаено пристигнуваа во Мека. Според прописите, аџиите годинава мора да носат и заштитни маски. 

 

 

 

Поврзана содржина