Фотографија на денот: Моќта на Фридерике | Панорама | DW | 19.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Моќта на Фридерике

Најсилниот оркан во последната деценија протатне низ западна Европа а особено тешко ја погоди Германија.

Фридерике, како што метеоролозите ја нарекоа моќната бура, предизвика пустош во големи делови на земјата. Брзината на ветрот на некои повисоки места достигна и преку 200 километри на час. На пониските места брзината на ветриштата достигнуваше преку 130 километри на часа. Оваа  #ФотографијаНаДенот е снимена во центарот на метрополата Келн и го доловува моментот токму на еден таков налет на силен ветер, во кој две девојки грчевито се држат за раце за да си помогнат да не бидат истуркани од ветрот.

Реклама