Фотографија на денот: Момчето што доби капа од папата | Свет | DW | 21.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Момчето што доби капа од папата

Ова момче му го „украде шоуто“ дури и на поглаварот на католичката црква.

На генералната аудиенција на папата Франциско во Ватикан, мало момче излезе на бината и му приреди видлива радост на папата Франциско. Момчето ги помина преградите кон делот со публика и застана пред папата. Тој му подаде рака, кусо поприкажа со него и му дозволи дури и да седне на стол веднаш до него.

Соработникот на папата мораше да му го отстапи своето место на момчето, кое очигледно му имаше фрлено око на еден посебен сувенир - капата на папата. Момчето со попреченост постојано покажуваше со рака кон капата и бараше да ја добие. Папата не му ја даде на момчето својата капа, која инаку се вика пилеолус, но затоа му подари друга иста таква бела капа. Момчето гордо се врати на своето место, а папата прокоментира: „Исус вели: Ако не се претворите во деца, нема да можете да отидете во царството небесно. Осмелете се и приближете му се на господ. Немојте да се плашите. Му благодарам на ова момче.“