Фотографија на денот: Мини предност, мини излезност | Македонија | DW | 22.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Македонија

Фотографија на денот: Мини предност, мини излезност

Во вчерашниот прв круг од македонските претседателски избори забележан е досега најслабиот одзив досега на гласањата за избор на шеф на државата.

Според податоците на ДИК на изборите излегле 41, 82 насто од граѓаните со право на глас. Покрај историски ниската излезност, минимална е и предноста на кандидатот на владејачката коалиција Стево Пендаровски во однос на кандидатката на опозицијата Гордана Сиљановска-Давкова. Според податоците на ДИК по преброени речиси 100 насто од гласачките ливчиња., Пендаровски извојувал многу тесна победа во првиот круг со само околу 4600 гласови повеќе од Сиљановска-Давкова однсно во проценти 42,85 наспроти 42,24. Третиот кандидат на изборите Блерим Река  освоил близу 11 насто од гласовите.

Повеќе:

-Жешки изборни шлаканици и за СДСМ, и за ВМРО-ДПМНЕ

-И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прогласија победа

-ВМРО-ДПМНЕ слави македонска пролет, СДСМ очекува победа на нивниот кандидат

Пендаровски и Сиљановска-Давкова влегуваат во вториот круг на избори, кој ќе биде одржан за две недели- на 5 мај, и кој се очекува исто така да се одвива под сенката на стравувањата за мала излезност.

 

DW.COM

Реклама