Фотографија на денот: Мечиња за полицајци | Панорама | DW | 31.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Мечиња за полицајци

Полицијата во Бранденбург, Германија, ги доби првите 2000 мечиња кои ќе бидат распределени во сите патролни возила.

Мечињата би требало да им помогнат на полицајците во воспоставувањето контакт со исплашени или повредени деца. Портпаролот на полицијата Торстен Хербст изјави дека вакви играчки се „многу важни, поради тоа што децата имаат што да прегрнат“.

Мечињата се добро средство и кога се „крши мразот“ во комуникацијата со деца кои избегале од дома или деца кои се загубиле.

Реклама