Фотографија на денот: Меркел и Макрон на вечера | Свет | DW | 30.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Меркел и Макрон на вечера

Тој ѝ беше прв гостин со кого се сретна лично - германската канцеларка Ангела Меркел во дворецот Мезеберг вчеравечер го прими францускиот претседател Емануел Макрон.

Високиот гостин од Париз е првиот странски државник на гости кај канцеларката по пауза од цели три и пол месеци. Поради пандемијата на коронавирусот канцеларката досега имаше само видео-конференции и водеше телефонски разговори. Сега, иако немаше ракување, туку само благ наклон за поздрав на пропишана дистанца, двајцата државници сепак вечераа заедно и тоа како што е редот - на отворено, за да е побезбедно. А, на масата, освен храна и пијалоци, имаше и многу важни европски и светски теми.

Реклама