Фотографија на денот: Медалот за Заев и Ципрас | Северна Македонија | DW | 16.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фотографија на денот: Медалот за Заев и Ципрас

На премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска во Минхен ќе им биде врачена наградата „Евалд фон Клајст“ за 2019 година.

Наградата ја доделува Минхенската безбедносна конференција, за извонреден допринес во мирот и во решавањето на конфликти. Заев и Ципрас ќе добијат медали како на оваа #ФотографијаНаДенот како признание на нивните напори да го решат повеќедеценискиот конфликт околу името Македонија меѓу Скопје и Атина. 

Волфганг Ишингер, претседателот на Минхенската безбедносна конференција, која започна вчера а ќе трае до недела, на Твитер напиша дека „тоа е причина за славење“. Тој за агенцијата АНА-МПА рече оти Преспанскиот договор е „историско достигнување“. Наградата се доделува од 2009 година, а името го носи по Евалд фон Клајст кој во 1963 година ја основаше Минхенската безбедносна конференција и беше нејзин претседател до 1998 година.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама