Фотографија на денот: Малку Божик среде урнатините | Панорама | DW | 24.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Малку Божик среде урнатините

Улиците на Мосул, големиот град во Ирак, се едвај расчистени само колку оваа дама во костум на Дедо Мраз и со заштитна маска на лицето да може да вози велосипед.

Сѐ на сѐ необична сцена. Можеби акцијата има врска со фактот дека  Божиќ пред неколку дена беша прогласен за официјален празник во Ирак. Нешто што неизмерно ги израдува христијаните во земјата и посебно оние во Мосул, кој зад себе има долга христијанска традиција. Трагите на војната се сѐприсутни на градот, кој до пред неколку години беше тероризиран од Исламска држава , а сега се бори со пандемијата на коронавирусот.