Фотографија на денот: Македонија- лидер во растот на ноќевања | Северна Македонија | DW | 24.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Фотографија на денот: Македонија- лидер во растот на ноќевања

Македонија во минатата година имала убедливо најголем процентуален пораст на бројот на ноќевања во Европа, соопшти Евростат. Порастот во однос на 2017 година изнесувал дури 18,9 насто.

Според податоците на статистичката агенција на Европската унија , кои се однесуваат на земјите од ЕУ, од европскиот економски простор и државите кандидати за членство, во Македонија во 2018 година биле забележани вкупно 2,2 милиони ноќевања. Од нив бројот на ноќевања на странски гости изнесувал 1,5 милиони а на македонските граѓани околу 700 илјади.

Во апсолутни бројки тоа е капка во море во споредба со оние 467 милиони ноќевања забележани во Шпанија, која е на првото место во статистиката на Евростат според вкупниот број на ноќевања. Но според забележениот раст во однос на 2017 година, Македонија е убедливо на првото место. Кај ноќевањата на странци тој дури изнесува 22 насто а кај домашните 13 проценти.

 

DW.COM

Реклама