Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Сончево, со температури над 30 степени! Во Германија летото дојде во мај. Базените на отворено се полнат. На оваа фотографија е овековечен скок од десетметарска скокалница на посетител на еден од базените во Келн.
Метеоролозите предупредуваат дека во наредните денови може да биде непријатно и дека по сонцето ќе следуваат дожд и грмотевици. Во делови од Германија, особено на запад и северозапад, е можно невреме. Се најавува силен дожд, град, а не се исклучуваат дури и торнада.