Фотографија на денот: Летечко шоу на сколовранците | Панорама | DW | 27.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Летечко шоу на сколовранците

На едно ваков танц на небото може да се соберат и до 100.000 птици. Фасцинантната појава се нарекува мурмурација.

Декември е месец на сколовранците во Велика Британија. Додека седеа во автомобилот или во возот на пат на кај дома по Божикните празнувања, многу Британци, имаа можност да го набљудуваат неверојатниот лет во јато на сколовранците, таканаречен мурмурација, до нивните места за починка. На едно вакво летечко шоу може да се соберат и до 100.000 сколовранци. Мурмурациите се честа појава на зима, кога многу птици од Источна Европа доаѓаат да презимат во Велика Британија.

DW.COM

Реклама