Фотографија на денот: Летало за вселенски туризам | Панорама | DW | 14.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Летало за вселенски туризам

Добри 80 километри височина - така вселенската агенција НАСА ја дефинира границата со вселената. Леталото „SpaceShipTwo“ на Вирџин Галактик е првиот вселенски авион со екипаж, кој вчера достигна височина од 83 километри.

Двајцата пилоти сега смеат да се нарекуваат астронаути. Сопственикот на Вирџин Галактик, Ричард Бренсон, видно трогнат од успешниот лет, најави нови летови во текот на наредните месеци. Стотици, делумно познати инвеститори, чекаат во ред за да заминат на патување во вселената. 90-минутниот лет ќе ги чини 250.000 американски долари.

 

Реклама